Lentinula edodes

Шитаке

ЈАПОНСКА ПЕЧУРКА

Шитаке

Нутритивна Вредност

"Shiitake - Lentinula edodes e печурка од далечниот исток, со извонреден префинет и богат вкус, богата со протеини, витамини, амино киселини, диететски влакна и минерали.
Има голема нутритивна вредност, малку калории, а масти скоро да нема.
Медицинскиот ефект рефлектиран во антиканцерогените и антивирусните ефекти се должат на полисахаридот Lentinan.
Лентинанот иницира создавање на Interferon; (супстанции со антивирусно дејство) и активирање на T-Killer" и T-Helper клетките на штитната жлезда.
Како резултат на делувањето на аминокиселината "Eritadine" има големо антилипидно дејство.

Шитаке

АНТИКАНЦЕРОГЕНО дејство

Националниот центар за рак во Токио докажал дека со секојдневна употреба на Шитаке, тумурот покажува стапка на "кочење" од 80,7%, до потполно повлекување на тумурот во 6 од 10 случаи. Шитакето делува преку активирање на цела низа имунолошки реакции во организмот. Делува не само на примарните тумури туку и го стопира развојот на метастазите. Хемотерапијата и радиотерапијата во комбинација со Шитаке го подобрува третманот, се зголемува физичката издржливост, се подобрува апетитот и општата состојба на организмот.

Шитаке

АНТИВИРУСНО дејство

Пред одредена вирусна инфекција користењето Шитаке значи моќна превентивна заштита, а кога веќе настанала инфекција заздравувањето е многу побрзо и поефикасно. Делува на вирусите, на инфлуенца, хепатитис од сите видови. Особено ја подобрува клиничката слика на луѓето болни од хепатитис B, но зајакнувањето на имунолошкиот систем дава резултати и во борбата со вирусите на хепатитис C и D. Посебно е значајна состојката (LEM), која освен што придонесува во уништувањето на вирусите, туку ја обновува и коскената срцевина.

Шитаке

АНТИЛИПИДНО дејство

Официјалните испитувања покажале дека со дневна конзумација на 6-10 гр. дехидрирано Шитаке за 10 дена го намалува нивото на (LDL) холестерол во крвта од 10-15% и воопшто на вкупните липопротеини во серумот (како резултат на делувањето на аминокиселината ERITADINE -состојка на Шитаке). Интересни се податоците од две испитувања кои покажуваат дека при конзумација на мрсна храна во комбинација со Шитаке, холестсролот во крвта опаднал до неверојатни 18%. Шитаке продуцира и "Fat apsorbing" компоненти кои помагаат во намалувањето на телесната тежина, ја подобруваат крвната слика, го намалуваат високиот крвен притисок, позитивно делува на потенцијата, го зголемуваат имунитетот, ја зголемуваат еластичноста на крвните садови, ја спречуваат агрегацијата на крвните клетки и го зголемува снабдувањето на мозокот и срцето со крв.