Рецепти
неколку од највкусните рецепти со шитаке печурки
јајца и павлака
120-150 гр. Шитаке се сецка на парчиња со се дршки, се пропржува сo путер на средна температура 5 мин. со постојано мешање. Во посебен сад изматете 2 јајца една лажица оштро брашно, една лажица пченкарно брашно, 1-2 лажии павлака, сол по желба. Со смесата се преливаат печурките и се потпекуваат во рерна.
Салата
Свежо шитаке насецкајте го и прелијте го со лимонов сок, маслиново масло и сол по желба.
со мајонез
Исецкајте го шитакето и варете го 10 мин. во малку солена вода, во која сте ставиле лимонов сок. Во густ мајонез измешајте ги печурките. Послужете ги со печено или поховано месо.
Сос
Состојки: 120 гр. шитаке, половина главица кромид, 30 гр. путер, 100 мл. павлака, сол. Печурките исечете ги на танки парчиња, ставете ги во путерот кој претходно сте ги испржиле насецканиот кромид. Во друг сад направете запршка, дотурете вода и сол. Пржените печурки варете ги уште 15 мин. На крајот додадете павлака и магдонос.
Супа
Во масло пропржете кромид, додадете несецкано шитаке, ориз, грашок, (можете посебно да испржите и додадете месо или сланина). Дотурете му вода, полека динстајте го, зачинете го по желба. Се сервира како додаток или главно јадење.
Рижото