Рецепти
Шитаке со јајца и павлака

120-150 гр. Шитаке се сецка на парчиња со се дршки, се пропржува сo путер на средна температура 5 мин. со постојано мешање.
Во посебен сад изматете 2 јајца една лажица оштро брашно, една лажица пшенкарно брашно, 1-2 лажии павлака, сол по желба. Со смесата се преливаат печурките и се потпекуваат во рерна.



Салата од шитаке

Свежо шитаке насецкајте го и прелијте го со лимонов сок, маслиново масло и сол по желба.



Шитаке со мајонез

Исецкајте го шитакето и варете го 10 мин. во малку солена вода, во која сте ставиле лимонов сок. Во густ мајонез измешајте ги печурките. Послужете ги со печено или поховано месо.



Сос од шитаке

Состојки: 120 гр. шитаке, половина главица кромид, 30 гр. путер, 100 мл. павлака, сол. Печурките исечете ги на танки парчиња, ставете ги во путерот кој претходно сте ги испржиле насецканиот кромид.
Во друг сад направете запршка, дотурете вода и сол. Пржените печурки варете ги уште 15 мин. На крајот додадете павлака и магдонос.



Супа од шитаке

120 гр шитаке (за4 лица) насецкајте го, исецкајте половина главива кромид, магдонос, пропржете го во масло со додавање на малку брашно, а потоа турете 1 литар вода. Послужете го со кисела павлака.



Рижото со шитаке

Во масло пропржете кромид, додадете несецкано шитаке, ориз, грашок, (можете посебно да испржите и додадете месо или сланина).
Дотурете му вода, полека динстајте го, зачинете го по желба. Се сервира како додаток или главно јадење.